Митревски и Порто во „невозможна“ мисија

Денеска ќе се комплетира седмото коло од Лигата на шампионите во машка конкуренција. По вчерашната победа на Елверум над Целје, екипата на Порто остана единствената во ЛШ што досега нема освоено бод. 


Неочекувано е досегашното „остварување“ на Порто кој по пет кола нема бод. Вечерва, Никола Митревски и неговите соиграчи се во невозможна мисија да ја прекинат оваа лоша серија затоа што гостуваат во Париз, кај се уште најбогатиот светски клуб Пари Сен Жермен. 
Интресни се сите денешни натпревари. Нант откако го преслуша Кил сега ќе ја предизвика Барса, Сегед откако освои први бодови сега оди на мегдан на Келце. 

По пет одиграни кола можеме да резимираме дека слабите резултати не само на Порто, туку и на Целје, Елверум, ППД Загреб индиректно одат во прилог на македонскиот клупски ракомет затоа што ова се државите со кои сме во трка за директно место во Лигата на шампионите. Тука е уште и Романија, но Динамо веќе става бодови на конто и е блиску до пласман во елиминациите за што се добиваат бонус бодови во рангирањето. 


ЛИГА НА ШАМПИОНИ
18:45  ПСЖ – ПОРТО
18:45  ВИСЛА ПЛОЦК – ВЕСПРЕМ
20:45  БАРСЕЛОНА – НАНТ
20:45  ГОГ – МАГДЕБУРГ
20:45  КЕЛЦЕ – СЕГЕД
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk