Заврши ракометната 2022 за младиот Кавалканти

Приказната за Габриел Кавалканти може да се спореди со таа на Стефан Додиќ, момчето што секој ден доаѓаше на тренинг од Врање во Автокоманда и на крајот стигна до Келце. 


Младиот Габриел Кавалканти ќе ја пропушти остатокот од календарската 2022 ,објавија денеска португалските медиуми. Младиот 18 годишен ракометар има фрактура на носот поради која нема да се појави на теренот до февруари. 

Историјата на овој млад играч е таква, што мораме да ја споделиме. Тој е помлад брат на веќе познатиот Александре Кавалканти од Нант, играч со кого ќе си имаме работа во квалификациите за ЕП 2024... ако не и со двајцата. 
 
Александре и Габриел Кавалканти се синови на бразилскиот одбојкар Марсело Кавалканти и речиси целото нивно семејство (татко, сестра, чичко, братучеди) се одбојкари. Габриел почнал како фудбалер, но татко му го предомислил и тој одбрал нов спорт - ракомет. 
Бенфика прва го пикирала, но го позајмила во Сетубал каде што секој ден по училиште патувал со воз час и пол за да стигне на тренинг. Следниот трансфер - меѓународен, во Шпанија. Сега игра за екипата на Цисне. 

Габриел е еден од новиот бран на португалски ракометари предводени од Кико Кошта и малку постариот Мартим, потоа Андре Гомеш, Луиш Фраде... Потенцијал што веруваме порано или подоцна ќе го видиме со медал околу вратот. 





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk