Вечерва: Агуаш Санташ - Е. Пелистер, каде да гледате?

По скромниот старт на кој запиша неочекуван и разочарувачки пораз на домашен терен од т.н. аутсајдер Скадерборг, Е. Пелистер денеска е на поправен испит во Португалија.



Вечерва во Повоа де Варзим, градче што локациски дефинирано како околина на Порто, оддалечено 30 км од центарот на градот, екипата на Е. Пелистер ќе игра против тимот на Агуаш Санташ во рамките на второто коло од Европската лига. 

Овој натпревар ќе почне во 20:45, а директно ќе биде пренесуван на каналот Арена Спорт 5. 

Агуаш Санташ е екипа што има долга традиција во која се особено горди за работата со младите категории, а имајќи предвид какви генерации извади Португалија последниве неколку години, почитта кон низ може само да расте. Тие се актуелни младински прваци на Португалија. 

Во сениорска конкуренција не се којзнае колку успешни, во конкуренција на Порто, Спортинг, Бенфика и некогаш првиот центар АБЦ Брага, Агуаш Санташ има еден пехар во Купот на Португалија (2002) и едно финале (2019). 
Годинешнава сезна ја почнаа „сензационално“ по победа над Порто во првото коло. 

Покрај мечот А. Санташ и Е. Пелистер, денеска ќе можете да ги следите и натпреварите меѓу Веспрем 2 и Кадетен (17:00) и Флензбург - Екс Прованс (18:45), двата меча на Арена Спорт 2, а на каналот Арена Спорт 7 од 20:45 ќе биде пренесуван натпреварот меѓу Нексе и Балатонфуреди. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk