Алборг го „врза“ најдобриот дефанзивец

Хенрик Мелгард (37) најчесто ословуван како топ дефанзивец, играч кој ја држи одбраната слични одбранбени етикети, доби нов двегодишен договор со екипата на Алборг и ќе биде дел од овој скандинавски дрим тим најмалку до 39 годишна возраст. 



Хенрик Мелгард е познат дефанзивен играч, но во суштина тој е многу повеќе од тоа. Малку познат факт на нашиве простори е дека Мелгард во 2014 година беше најдобриот стрелец во шампионатот на Данска. Тоа е податок што вели дека Мелгард е далеку од играч што не знае да игра во напад. 
Неговиот хендикеп е што во репрезентацијата на Данска игра во ерата на Микел Хансен и Расмус Лауге, своевремено и Бо Спелерберг итн.  Неговата предност е што игра одбрана далеку подобро од сите споменати.
Улрик Вилбек беше селекторот што експериментираше со Мелгард на мундијалот во Шпанија. Задачата на Мелгард беше да ја забрза транзицијата на Данска. Со оглед на тоа дека Данците правеа замени напад-одбрана поради Микел Хансен, Мелгард имаше задача ако тргне во првиот бран, да оди до крај и веднаш да шутира, ако не успее првиот бран и притисок, тогаш да се менува со Хансен. 

Со текот на времето неговата улога помалку се менуваше, се засили дефанзивниот на сметка на офанзивниот ефект, но Мелград остана играчот што ги врзува нападот и одбраната. 
Таквата улога пред две години во Алборг додека во првата постава беа Сандел и Клар одново ги истакна и неговите напаѓачки квалитети, а Алборг стигна до финале на ЛШ. Годинава му донесе нов двегодишен договор.



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk