Е. Пелистер без Кизиќ во Португалија

Е. Пелистер на своето прво гостување сезонава во Европската лига ќе патува без голманот Марко Кизиќ. Чуварот на мрежата кој внесе мало освежување на дуелот со Скадерборг во првото коло е повреден и останува во Битола. 



Марко Кизиќ се повреди на првиот меч од Европската лига и нема да биде во составот за утрешниот меч со Агуаш Санташ. Битолчани на дуелот со екипата сопствен на една од најдолгите традиции во Португалија на голот ќе ги имаат Лесјак и Бобан Ристевски. 

Ларс Валтер во Португалија ги однесе и бековите Руди Сери и Осама Хосни кои исто така имаат повреди, а дома остана Емилијан Ѓорговски. 


Голмани:
Урбан Лесјак
Бобан Ристевски

Леви крила:
Цветан Кузманоски
Гоце Ојлески

Леви бекови:
Руди Сери
Себастијан Хенеберг
Мохамед Суси

Средни бекови:
Вилсон Дејвис
Павле Атанасијевиќ
Марио Танкоски

Десни бекови:
Усама Хосни 
Мирко Радовиќ (капитен)

Десни крила:
Ненад Костески
Никола Стоилевски

Кружни напаѓачи:
Жарко Пешевски
Денис Васиљев

Дефанзивец:
Милорад Кукоски




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk