Норвежанецот си оди од Сегед

ПИК Сегед беше најбрз и најконкретен во преговорите кога на сцената неочекувано блесна 20 годишниот Александер Блонз, лево крило на норвешкиот Елверум во моментот. 



ПИК Сегед се фати на јадицата откако Блонц во два меча им даде 15 гола и се договори за трансфер од две години. Дојде во Унгарија како голем потенцијал и талент, но таму не одеа работите како што се замислуваше.
Напротив, Блонц според нас стана пример за тоа како играч што игра во еден систем може да биде на врвно ниво, потоа во друг клуб да не може да се снајде, не затоа што е неснаодлив или лош играч, туку затоа што системот на игра е дизајниран поинаку и тој не може таму да пружи максимум. 
А Хуан Карлос Пастор, тренерот на ПИК Сегед е познат по тоа што има свои „миленици“, меѓу кои Блонц очигледно не е. 

Норвешки весник денеска објави информација поткрепена со изјава дека Блонц на крајот на сезоната заминува од ПИК Сегед. 
И покрај тоа што не одеа работите како што се очкуваше, Блонц вели дека не е грешка неговиот трансфер во Сегед и дека таму многу напредувал и научил нови работи. 

Со Александар Блонц, македонската репрезентација ќе си има работа на мундијалот во Краков. 



 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk