Слават Охрид и Кавадарци, добија важни дерби средби

Екипата на Охрид го совлада Бутел Скопје во дербито на колото од групата „А“ и се израмни со нив со бројот на освоени бодови на табелата, но има и подобра гол разлика, па сега Охрид е третопласиран. 
Охрид одигра одличен натпревар и целосно го контролираше натпреварот што заврши со триумф од 25-22 (12-8). Во следното коло Охрид ќе гостува кај екипата на Прилеп, а потоа на домашен терен ќе го пречка Алкалоид. 



Промена на распоред на табелата има и во групата „Б“. За тоа се погрижи Данило Брестовац и неговиот ГРК Тиквеш. Кавадарчани славеа над Е. Пелистер 2, а овој пораз на битолскиот состав го искористи Т. Пролет и се искачи за момент на второто место. 
Тиквеш, пак, се израмни со бројот на бодови со Е. Пелистер 2, но има нешто послаба гол разлика, па затоа битолската „двојка“ е на третото место. 

Филип Кузмановски, конечно, доби малку поголема минутажа во дресот на Хановер. И тоа на дерби мечот со РНЛ на кој Хановер беше блиску до изнендување, но РНЛ предводен од Халил Јагањац успеа да се извлече од замката и минимално да победи. Филип Кузмановски постигна еден гол од два обида.

Репрезентацијата на Холандија, противник на Македонија во прелиминарната фаза на ЕП е победник на Златната лига, турнир што во предвечерјето на ЕП се одржа во норвешкиот Ставангер.
Холандија турнирот го заврши со три победи. Една висока над Норвешка (33-24) и две минимални, над Бразил (28-27) и над Данска (26-25). 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk