Уште една порака до играчите: Играјте со срце

Раководството на Ракометната федерација на Македонија, имаше средба со репрезентативките и со стручниот штаб, во пресрет на почетокот на Европското првенство во ракомет за жени, кое ќе се одржува во Скопје, Љубљана, Целје и Подгорица, од 4 – 20 ноември годинава.  



„ Сѐ што треба да направите, е да верувате во себе, да верувате во тимот, да бидете посветени и да се борите до крај. Без калкулации и без потклекнување и предавање пред фаворитите, а со борба за секоја топка!“, изјави претседателот на РФМ, Живко Мукаетов во своето обраќање пред сениорките и стручниот штаб, потенцирајќи дека Ракометната федерација стои цврсто позади нив и со безусловна поддршка, а со само едно барање – игра со срце.

Ракометарките изразија благодарност за вложените напори на македонската куќа на ракометот – за можноста да играат Европско првенство на домашен терен, а со тоа и да го вратат сјајот на женскиот ракомет во земјава.

Женското ЕХФ Европско првенство 2022 се одржува под слоганот  #PLAYWITHHEARТ, а Скопје после цели 14 години повторно ќе биде домаќин на европската ракометна елита.

Арената „Борис Трајковски“ е со комплетно обновена спортска инфраструктура, по терк на високите ЕХФ стандарди, наскоро ќе ги пречека екипите кои играат во групата Ц и во главната рунда,.

Натпреварите од групата Ц, македонската селекција ќе ги одигра против репрезентациите на Франција (05.11.2022), Холандија (07.11.2022) и Романија (09.11.2022).

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk