Барса лесно со „македонскиот“ Ваљадолид

Европскиот првак Барса, иако одмораше неколку важни играчи, без поголема мака излезе на крај со екипата на Ваљадолид единствената во Асобал за која настапуваат и македонски ракометари. 



Барса со 42-28 (26-16) славеше на натпреварот одигран во Ваљадолид над истиомениот домашен состав, единствениот во Шпанија во кој има македонски интернационалци, Дарко Димитриевски и Димитар Димитриоски. На клупата на Ваљадолид е и поранешниот тренер на Вардар, Давид Писонеро, а во тимот има и уште еден екс вардарец - Бразилецот Де Толедо.

Димитар Димитриоски постигна еден гол на овој натпревар. Дарко Димитриевски е повреден, се рехаблитира од проблемите со зглобот и не играше на овој меч. Димитриевски не беше едиствениот што го пропушти мечот. Вкупно седум повредени играчи има Писонеро, меѓу нив и Толедо. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk