Донски Козаци исфрлени од лигата

Руската ракометна федерација ја прифати одлуката на Натпреварувачката комисија и го исфрли од системот на натпреварување клубот Донски Козаци од градот Таганрог, вклучително и нивните јуниорски и кадетски екипи. 



Во пресрет на ова решение, Натпреварувачката комисија ослободи од договор со клубот осум ракометари. 
За време на „истрагата“ дојдено е до сознание дека клубот систематски ги прекршувал правата на играчите, доцнел со платите и не плаќал осигурување. Имале и информации дека имало исплати во плико. 
Комисијата побарала објаснување од клубот, а одлуката за исфрлање е донесена едногласно. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk