Романија во проблеми пред ЕП 2022

Во ерата кога романскиот ракомет беше на европскиот врв, една од најголемите ѕвезди беше Василе Стинга (65). Бронзен од две Олимијади и со титула најдобар стрелец на СП (1982), Стинга ја комплетираше ракометната кариера и како дел од првите светски ол стар тимови. Сега е тренер, не којзнае колку успешен на меѓународна сцена, но неговиот глас се слуша. 
А пред ЕП во кое Романија доаѓа во Скопје, имаше што да каже:



„Не можам да разберам. Во Лигата на шампионите нема такво правило, На ЕП, вакцинацијата е задолжителна. Ме чуди како екипите не се здружат и да го бојкотираат Европското првенство.
Проблемот е што другите екипи немаат проблем со ова“, вели романската легенда во поглед на правилото за вакцинирање на ракометарките во пресрет на шампионатот.  „Можеби се работи за трик. Благодарение на ова глупаво правило, нашите шанси драматично се намалени“, изјави за Проспорт, романскиот тренер. 

Осум романски ракометарки одбиле да се вакцинираат и ризикуваат да го пропуштат Европското првенство. Заедно со повредените, бројката стигнува до 12 ракометарки што би можеле да го пропуштат шампионатот. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk