„Крвникот“ не доби нов договор од Берлин

Ханс Линдберг (41), данското крило што игра за Берлин, во македонските медиуми често нарекуван „крвник“ затоа што беше стрелец на „оној“ гол во 2021 на ЕП Србија на мечот на Македонија со кој Данска со неверојатен пресврт стигна до победа, подоцна и до злато, нема да добие нов договор. 



Ханс Линдберг иако има полна 41 година, годинава има постигнато 49 гола на осум средби и е во Топ 5 стрелците во Бундес лигата. Настрана тоа, сезонава има реална шанса да го мине на вечната табела Кореецот Кјун Шин Јон и да стане најдобар стрелец во историјата на Бундес лигата. 

Затоа одлуката за непродолжувањето на договорот од страна на Берлин каде што игра од 2016 година е изнандувачка. За сите, па и за самиот Линдберг. 
„Почнавме разговори за продолжување на договорот за уште една сезона, па затоа ова ми е малку чудно и неочекувано“, изјави данскиот ракометар. 

Но, клубот демнатираше дека имало преговори. Според нив, Линдберг изразил желба да игра уште една сезона, но немало конкретни преговори за продолжување на оваа соработка. Штефан Кречмар, уште една ракометна легенда кој сега работи во Берлин вели дека последниот разговор со Линдберг бил најтешкиот што го имал откако работи за „лисиците“. 

Линдберг веројатно ќе си замине, дали ќе остане во друг клуб да го подобрува својот рекорд или не, ќе видиме. Во меѓувреме како најсериозен кандидат за неговата позиција се споменува ракометарот што вчера имавме можност да го гледаме како му дава 11 гола на Еурофарм Пелистер. Десното крило на Скадерборг - Архус, Теигум Вест. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk