Валтер: Престанавме да играме, загубивме ритам

Разочарувачки или поблаго речено, натпревар под очекувањата одигра Еурофарм Пелистер на премиерата на новата сезона во Европската лига. 
На домашен терен, надирани и поразени од Скандерборг, екипа со епитет аутсајдер пред старот на Лигата, но очигледно состав што ќе биде многи работи, но не и аутсајдер на следните натпревари.



Тренерот на битолчани, Ларс Валтер, зборуваше на прес конференцијата организирана по натпреварот

„Почнавме добро, во првите дваесетина минути. Потоа, нешто се случи, престанавме да играме. Тие направија серија 9-2, тоа кажува се. Го загубивме ритамот, почнавме да играме индивидуално, правевме многу грешки, тие казнуваа... Не можеме да се горедееме со ова што го одигравме денеска“, изјави Ларс Валтер, тренерот на Е. Пелистер. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk