Валтер одбра битолски тим за дебито во Европската лига

Е. Пелистер вечерва ќе го одигра првиот натпревар од групната фаза на Европската лига. Гостин во Битола е екипата на Архус Скандерборг, на хартија најголемиот аутсајдер во групата. 



Ларс Валтер, данскиот тренер на Е. Пелистер своето деби во Европската лига ќе го има против своите сограѓани од здружените градови Архус и Скандерборг кои имаат заеднички ракометен тим. 

Љубопитни сме да видиме како ќе изгледа Е. Пелистер, за да можеме да извлечеме малку поодржан заклучок за нивната сила сезонава. На терен, досега беа со многу осциплации, загубија два бода од својот втор тим, беа на прагот да загубат и три на гостувањето во Скопје, кај Тинекс Пролет. 
Тоа не се добри препораки во пресрет на дуели со многу позвучни имиња, а Архус-Скандерборг е одличен противник за старт на европската битка. 

Ларс Валтер, селектираше тим за европското деби со Еурофарм Пелистер. На списокот од 16 играчи се најдоа сите осум странски играчи што дојдоа сезонава во Битола. 

На списокот не се рехабилитантот Мартин Велковски, потоа Бојан Маџовски и Емилијан Ѓорговски од играчите што се попознати за јавноста. 

Натпреварот почнува во 20:45





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk