Франција остана без еден од голманите

На две недели до стартот на Европското првенство, на кое олимпискиот шампион Франција ќе игра во Скопје, стигна лоша вест за селекторот Оливие Крумхолц. 


Лора Глосе (29), голманот на ЧСМ Букурешт и на француската репрезентација, по низа прегледи и мислења, отпадна од списокот на учесници за ЕП. Таа нема да може да игра во следните неколку недели и веднаш беше повикана замена. 

Камил Депусе, голман на Мец е замената за Глосе која се повреди на натпревар од Лигата на шампионите. 

Оливие Крумхолц веќе не може да смета ниту на пензионираната Амандин Лејно, па од славното трио, остана само на услугите на Клеопатра Дарло. Таа во комбинација со Флоријан Андре и новоповиканата Депусе ќе формираат ново француско голманско трио. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk