Охрид (се) ослободи од еден странец

Екипата на Охрид објави дека е раскинат договорот со српскиот интернационалец Никола Грубиќ.



Српскиот интернационалец Никола Грубиќ не е веќе дел од екипата на Охрид. Овој 23 годишен десен бек, поранешен играч на Партизан, летоска потпиша двегодишен договор со охриѓани. 
Дека се спрема смена можеше да се насети кога Охрид ангажираше и осми странец и тоа на позицијата десен бек (Дејан Шешиќ). 
Од тој момент прашање на време беше само дали ќе остане Шешиќ или Грубиќ. Сега таа дилема е расчитена, интернационалецот од БиХ останува во Охрид, а Грубиќ среќата ќе си ја бара на друго место. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk