Романија почна без една од најдобрите

Еден од противниците на Македонија на ЕП, се соочи со сериозен проблем. Не знае, дали ќе може да смета на услугите на една од најдобрите ракометарки во светот на својата позиција.



Селекторот на Романија, Флорентин Пера, на стартот на подготовките доби лоша вест. Корпулентниот пивот Крина Пинтеа, 192 сантиметри висока ракометарка има сериозен проблем со колкот и не ги почна подготовките. 
Колку е сериозен проблемот засега не се знае или пак не се објавува, но се стравува дека Пинтеа би можела да го пропушти во најмала рака стартот на првенството. 

Македонија и Романија е среќаваат во третото коло, на 9 ноември. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk