Старт на мисијата ЕП: Финален собир на репрезентацијата

Женската репрезентација на Македонија, домаќин на Европското првенство, од денеска е на собир што ќе трае, односно ќе продолжи со настапот на ЕХФ Еуро 2022. 


Љубомир Савевски, откако минаа низ сито кандидатите меѓу кои дел од отпаднаа поради повреда, невакцинирани итн. на финалниот список има 19 ракометарки со кои Македонија ќе го почне шампионатот. 
Денеска во Скопје беше првиот собир, следните 12 дена ќе тренираат, ако се отвори можност ќе играат и контролни натпревари и на 5 ноември го почнуваат настапот на ЕП. 

Македонија е во групата со актуелниот олимписки првак Франција, светскиот првак од 2019 - Холандија и уште и Романија, земјата што ја има најбогатата женска лига во која по сезона се вртат околу 20-тина милиони евра. 

Во конкуренција на овие три репрезентации, една ќе отпадне по првиот круг, а на хартија, според многу параметри улогата на аутсајдер е наменета за нашата репрезентација. 

„Тоа е тоа, немаме што да се жалиме. Имаме многу силна група. Но и да не беа овие, да беа други репрезентации, пак немаше да биде многу поинаку. ЕП е многу посилно од СП, особено првенство со 16 репрезентации. Но, можеби улогата на аутсајдер ќе ни одговара, па ќе успееме некого да изненадиме“, вели селекторот Савевски.

„Ние работиме повеќе од една година, подготвуваме тим, екипа што ќе може да опстои на сцената во следните десетина години. Долго време не немаше на овие натпреварувања, во меѓувреме многу репрезентации направија големи чекори напред.
Сега, по толку време, темнина, се надевам дека ние ќе успееме да донесеме малку светло во нашиот женски ракомет“, вели селекторот. 

Македонија настапот на ЕП го почнува на 5 ноември, а прв противник ни е олимпискиот првак Франција. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk