Магдебург ја скроти Барса

Магдебург е победник на годинешното издание на Светското клупско првенство - Супер Глоуб. Во финалето, бранителот на пехарот ја совлада Барса (41-39) по продолженија. 


Исландскиот бек Омар Инги Магнусон блескаше во дресот на Магдебург и постигна 12 голови против Барса, од кои последните два беа оние што од 39-39, донесоа победа од 41-39 и најдебелиот чек од турнирот.

Изненадувачки со оглед на се досега сезонава, Магдебург резултатски ја контролираше играта, а од 30 до 40 минута уште и бранеше шест гола позитива. 

Но, по 26-20, Барса со серија од 8-2 стигна до израмнување и потоа почна игра гол за гол при што Хампус Ване ја спаси Барса од пораз во регуларниот дел со гол за 35-35.
Во следните десет минути Барса водеше, а Магдебург бркаше се до 39-39, по што следеа решавачките погодоци на Магнусон. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk