Алкалоид со цел плен и против Бутел Скопје

АЛКАЛОИД - БУТЕЛ СКОПЈЕ 21-19 (9-9)
Сала „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски. Делегат: Марјан Огњановски
Алкалоид: Трајковски, Цветковски, Галевски, Димевски, Маркоски 1, Стојков 2, Младеновиќ 1, Серафимов 7, Илиески, Митев, Ѓоргиев 3, Иваноски 1, Симоноски 1, Омерагиќ, Кофилоски 1, Петковски 4
Седмерци: 4/8 Исклучувања: 6 мин.
Бутел Скопје: Блажевски, Ивановски, Субашевски, Младеновски 1, Ѓеоргиевски 3, Николов 6, Крстевски, Мојсоски, Спасовски 1, Петрушевски, Стојчевиќ 1, Манасков 1, Јефтиќ 3, Василевски 1, Цветковски, Давитковски 2
Седмерци: 5/6 Исклучувања: 14 мин


Новиот суперлигаш Алкалоид успешно се носеше и запиша победа над уште еден клуб со високи амбции, лани третопласираниот во првенството Бутел Скопје. 
Ова беше меч поинаков од досегашните на Алкалоид, средба со рововска битка и малку голови. Двата тима покажаа борбеност на високо ниво и како што бива на вака тврди натпревари, се беше решено во последните минути. 

Алкалоид подобро го отвори натпреварот, тргна фуриозно, со брза игра и транзиција и успеа за кратко време да поведе со 4-1.
Но, искусниот состав на Бутел не ја прифати таквата игра, ја успори во напад колку што ќе му дозволеа судиите, брзо се враќаше во одбрана, а еден промашен зицер и еден промашен пенал на Алаклоид ги вратија сосема во игра резултатски гостинските ракометари. 

Алкалоид јуришаше уште извесно време, но тоа немаше резултатски ефект, напротив, агресивната одбрана на гостите успешно затвораше, а во напад трпеливо играа до сигурна позиција и резултатот се сврте во нивна корист. Поведе Бутел со 7-5 и 8-6, но и Алкалоид не се даваше па израмни 8-8, па и поведе, а патем промаши и два седмерци. 

Првиот дел заврши 9-9, а во вториот дел натпреварот продолжи со игра гол за гол. Посмирена и од Алкалоид кој успеа да се врати во водство. Мартин Серафимов играше одлична ролја во овој дел од натпреварот (13-12), а потоа за голми на плус два, па и на плус три во еден момент (18-15). Следеа два гола едноподруго, од кој едниот на празен гол (18-17), па Кирил Лазаров побара тајм аут на кој побара посигурна, посмирена и посамоуверена игра од својот тим. 

Алкалоид постигна два гола по ред, поведе 20-17, Бутел намали на 18-20, а потоа следеа неколку нереалзирани напади на двете страни. Времето одминуваше и кога Симоноски постигна гол за 21-18 натпреварот беше решен. 





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk