Мулти Есенс доби уште едно дерби

МУЛТИ ЕСЕНС - КИЧЕВО 2020   41-27 (19-12)
Сала: „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Божидар Јованов и Пепи Димков. Делегат: Стево Костенчев
Мулти Есенс: Штаковски, Ерманоски, Димитриевски 4, Грујевски 3, Д. Узунчев 5, Тричковски 5, Омерагиќ 3, Велков 1, Младеновски 4, Т. Узунчев 7, Митев 2, Проданов 1, Канг, Карасманакис 1, Костовски 5, Георгиевски
Седмерци: 1/3 Исклучувања: -
Кичево 2020: Кочески 1, Тошев 2, Никодиновски 4, Најдески, Смилески 1, Јаковлески 4, Фичуроски 7, Илијоски, Јаневски 6, Јованоски 2
Седмерци: 2/2 Исклучувања: 4 мин. 


Екипата на Мули Есенс има распоред на натпревари според кој трет меч што го игра е во категоријата на дерби во групата. Прво беше Македонија Ѓ. Петров, потоа следеше Младост Богданци и денеска против Кичево 2020. 
Победи на сите натпревари досега и во моментов е со максимален ефект на првото место на табелата.

Гостите од Кичево пружија добар отпор на почетокот на натпреварот и успеаја да поведат (4-2) по пет минути игра.  Мулти Есенс со серија од 3-0 премина во водство (5-4), до 15 минута водството беше плус три (10-7), а Кичево првиот тајм аут го побара во 18 минута при водство на домашниот состав од 11-7. 
Во овој дел почна да се „прекршува“ натпреварот. Гостите влегоа во лош период, а водството порасна на плус седум (14-7) со тоа што и домашните пропуштија неколку чисти шутеви за гол. 


До крајот на полувремето, немаше поголеми резултатски осцилации, па на одмор се замина со резултат 19-12.

Во второто полувреме, во еден дел се играше во ритамот од првото полувреме. Домашните имаа 7-8 голови предност, гостите најмногу што успеаја е да намалат на минус шест (16-22), а потоа следеше нов период во кој Мулти Есен беше подобрата екипа, со серија од 6-2 стигна до двоцифрена предност (28-18), а потоа доминацијата стана поизразена и на крајот Мулти Есенс забележа убедлива победа од 41-27. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk