Заврши Супер Глоуб за Кастратовиќ и Атанасовски

Екипата на Ал Мадар од Саудиска Арабија, од клупата предводена од Зоран Кастратовиќ, а на линијата од Стефан Атанасовски, денеска го одигра последниот меч на Супер Глоуб. 


Ал Мадар денеска го заврши настапот на Супер Глоуб со висок пораз од Ал Кувајт 18-34 во кој пресудно беше првото полувреме што заврши со резултат 20-5 за екипата од Кувајт. 
Финално, Ал Мадар го освои 10-то место, зад нив останаа Сиднеј и Мексиканците од Министрос кои завршија на последното место. 

Поразот на Ал Мадар од Ал Кувајт е очекуван епилог имајќи предвид како се организираа и прегрупираа тимовите во пресрет на Супер Глоуб. Мадар не инвестираше многу во екипата, за разлика од кувајтскиот состав кој за оваа прилика ги доведе туниските репрезентативци Јусуф Мареф и Џихад Џабалах, потоа црногорскиот пивот Вук Лазовиќ, Катарецот Анис Зоуи и најголемото засилување, Кубанецот со катарски пасош, најдобриот стрелец од СП Египет 2021 - Франкис Карол Марзо. 
На денешниот меч, сепак, нивни најдобар играч беше десното крило на репрезентацијата на Кувајт, Али Салех кој постигна 16 гола! 
Македонскиот интернационалец, Стефан Атанасовски не постигна гол, а и имаше само еден неуспешен шут.  

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk