Четврти +10 пораз на Келце, еден е од Вардар

Барса му нанесе еден од најтешките порази на Келце во последните 20 години. Во полуфиналето на Супер Глоуб, шпанскиот состав славеше со 39-28 и во финалето ќе се сретне со Магдебург кој, пак, беше подобар од екипата на Ал Ахли 36-28.



Очекувавме големо дерби во полуфиналето на Супер Глоуб, но Барса го расипа уживањето во натпреварот со Келце. Шпанскиот состав неочекувано лесно го доби овој меч и доминираше над немоќниот тим на Талант Душебаев, особено во вториот дел (23-16), и му нанесе еден од најтешките порази во последните 20 години. 

Имено, Келце во последните 20 години само четити пати загубил со двоцифрена разлика. Еден од тие натпревари е дуелот со Вардар во Скопје, во 2015 (34-24), потоа 37-26 загуби од ПСЖ во 2021, а најстариот двоцифрен пораз датира од 2003 година кога загубија од Веспрем (30-41). 

Со оваа победа Барса по петти пат по се пласираше во финалето на Супер Глоуб што е исто така рекорд на натпреварувањето што досега го делеше со Фуксе Берлин. 

Вчера на Супер Глоуб имаше уште едно изненадување, а го приреди екипата на Ал Калеј. Саудискиот клуб ја совлада Бенфика 35-32 и за петто место ќе игра со Есперанца од Тунис. 

Ако не знаевте: За екипата на Ал Калеј од Саудиска Арабија на Супер Глоуб играат неколку познати играчи. 
Прв ред тоа се легендарниот Ахмед Ел Ахмар од Египет, потоа египетскиот голман што бранеше за Е. Пелистер, Карим Хендави и репрезентативецот на Бахрен Хусеин Ал Сајад. 
За екипата на Ал Калеј игра и некогашниот ракометар на Металург и своевремено голема надеж на српскиот ракомет - Немања Младеновиќ. 
Нивното засилување број еден, сепак е египетскиот ракометар Хасан Кадах, најдобриот стрелец од кадетското СП што во 2019 се играше во Македонија.
Вчера, на Бенфика, Хасан Кадах и даде 14 гола!

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk