Битолчани му избегаа низ прсти на Т. Пролет

Т. ПРОЛЕТ - Е. ПЕЛИСТЕР   23-24 (12-11)
Аларов 5, Палевски 4 - Хосни 6, Костески 4



Уште една потрврда добивме денеска дека шампионатот во Македонија е израмнет од „глава до петици“. Фаворитот за титула, Еурофарм Пелистер денеска беше на праг на пораз од Тинекс Пролет, па иако дома замина со три бода, остави сериозен сомнеж за нивната сила.

Е. Пелистер беше „печен“ во Скопје да го положи оружјето за прв пат сезонава, или пак подобро за нив да мине со поделба на бодовите, но кармата се сврте против скопскиот тим во последните десет минути.
Имено, по водството што го имаа од 21-16, натпреварот, епилогот во последните десет минути беше серија од 8-1 и водство  а битолчани со 24-22. 
Пролет намали преку Василевски на 23-24, потоа битолчани не реализираа, а последниот напад на скопскиот тим во кој имаа шест-седум секунди се сведе на исклучување на гостинскиот играч Кузманоски и шут од слободен удар. 
Овој удар заврши во стативата на Лесјак, а битолчани среќно стигнаа до трите бода. 

Т. Пролет не загуби којзнае што на овој дуел, шампионатот е долг, а има уште екипи од нивниот ранг со кои не одмерувале сили. 
Битолчани, пак, ќе ги видиме по три дена на друг фронт, во Европската лига, па оттаму ќе можеме да формираме пореална слика за силата на овој нов тим. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk