Нигериецот на Бутел, стана ѕвезда во Асобал

Нигериецот Јусуф Фарук беше 15 годишно момче кое дојде со репрезентацијата на Нигерија на Светското кадетско првенство во Македонија во 2019 година. Имаше на тој мундијал други многу подобри играчи од него, имаше подобри играчи од него, дури и во нигерискиот тим, но ѕведата над Фарук  беше најсветла. 



Бутел Скопје имаше најдобар нос и реагираше уште за време на шампионатот. Потпиша договор со младиот Нигериец, но тој договор никогаш не беше реализиран и испочитуван. Фарук се врати во Нигерија и следниот пат кога слушнавме за него беше кога излезе информацијата дека Талант Душебаев го побарал во Келце. 

Јусуф Фарук така место во Бутел замина во Полска, но стартот таму не беше идеален. Прво шест месеци мораше да чека поради Ковид сезона, а откако стигна во Полска уште еден месец карантин за конечно да излезе на терен. 
Келце има посебна политика, го испроба, се договори со него и му најде нов клуб. Одново на идеја на Душебаев, леворакиот бек/крило замина за Гранољерс. 

По шест одиграни кола во новата сезона во Асобал, Јусуф Фарук се најде на страниците на „Марка“. „Новиот африкански дијамант“ е насловот на пообемна статија објавена за нигерискиот бек во еден од најпрестижните спортски весници во Европа. 

Јусуф Фарук сега со полни 18 години е лидер на Гранољерс и на шест меча има постигнато 31 гол. Неговиот тим, извојува пет победи, единствениот пораз им е од Барса. 
Нигериецот ја раскажа за шпанскиот медиум својот животен пат, во кој приметивме дека не е споменат Бутел Скопје, што не не изненадува. Шпанскиот весник му предвидува блескава кариера, Талант Душебаев сигурно трие раце, за Бутел останува сатисфакцијата дека знае да препознае талент. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk