Женски ракомет: Што се случува во пресрет на ЕП Македoнија?

Норвежанката Хени Рејстад (23) една од најдобрите светски ракометарки, реши да ја прифати понудата на данскиот тим Есбјерг и го продолжи договорот со нив до 2025 година.



Унгарската репрезентативка Ноеми Хафра ќе биде оперирана. Потврдена е дијагнозата, скинати вкрстени лигаменти на коленото и веројатно сезоната за неа е завршена. 

Данскиот Одензе кои за кратко време загуби две ракометарки на подолг период, Миа Реј и Ноеми Хафра, ја убеди холандската ракометарка Нике Грот да ја прекине пензијата и да се врати на терен. Нике Грот ја заврши кариерата во 2021 година. 

Една од најдобрите норвешки ракометарки, Вероника Кристијансен (Ѓер) веројатно нема да настапи на Европското првенство во Макеоднија, Словенија и Црна Гора. Норвежанката сака овој период да го искористи за да се рехабилитира од повредите и истрошеноста. 

Добри вести за Норвешка се што Нора Морк веројатно ќе ја добие трката со времето и ќе биде целосно фит за настап на Европското првенство. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk