Кузмановски на чекор до Фајнал Фор

Екипата на Хановер за која настапува македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски е блиску до пласман во 1/4 финалето на Германскиот Куп.



Хановер го елиминираше Штутгарт (26-20) и се пласираше мешу 16-те екипи што ќе разигруваат за пласман во 1/4 финалето на Германскиот Куп. 
Тимот за кој настапува македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски имаше среќа во денешната ждрепка и за противник го доби Десау Рослауер, второлигаш моментно на четвртото место во втората Бундес лига. 
Ако Хановер ја оправда улогата на фаворит, ќе биде на чекор до Фајнал фор, со само еден противник пред себе до финалниот турнир. 

Флензбург е екипата што оди по најтешкиот пат, па така откако во 1/16 финалето го елиминираа Берлин, во 1/8 финалето треба да игра со Хамбург. Фаворити се во секој случај, но за разлика од нив, Хановер, Кил, Лемго за противници имаат второлигаши. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk