Суперлигашите од денеска на терен

По репрезентативната пауза, повторно на терен се враќаат суперлигашите. Викендов ќе се игра последното коло од првиот круг по што екипите ќе почнат да се спремаат за реванш натпреварите, а такви дуели ќе има многу во продолжение. 



Во недела во Скопје се среќаваат екипите на Алкалоид и Бутел Скопје. Овие два тима ги добија сите дуели досега со исклучок на дуелот со Вардар и сега се во битка за што подобра позиција на табелата во пресрет на Плеј оф, каде што несомнено и ќе се пласираат. 
Оваа средба ќе се игра во големата сала во „Јане Сандански“. Салата „Борис Трајковски“ каде што досега беше домаќин Алкалоид се реновира за потребите на Европското првенство во женска конкуренција, а салата „Автокоманда“ каде што во блиска иднина би требало да се пресели клубот исто така се уште се реновира.

Во ова коло, Охрид ќе има шанса визуелно и бодовно да се одвои од Струга и да дојде чекор поблиску до Бутел или Алкалоид затоа што игра со Вардар Неготино, а Струга гостува на Вардар 1961.

Прилеп на домашен терен има шанса против Куманово, ако победи да ја стигне бодовно Струга. Но и за кумановци овие бодови се важни како капитал за следната фаза.




Во групата „Б“, Т. Пролет кој досега нема пораз игра против Е. Пелистер, а вториот битолски клуб игра против Јуниор Кисела Вода. Во случај битолчаните да победат на двете средби, тогаш Е. Пелистер 2 ќе избие пред Т. Пролет на табелата со два бода повеќе. 
Во оваа група се игра интересен меч во Кавадарци, каде што Тиквеш ќе се обиде да се одлепи од Голден Арт во битката за место во Плеј оф. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk