Ал Ахли во полуфинале на Супер глоуб

Екипата на Ал Ахли од Египет ја совлада Бенфика (29-28) и ќе се пласира во полуфиналето на Светското првенство за клубови - Супер Глоуб. 


Хасан Омар Калед (8) и Ахмед Месили (7) го водеа Ал Ахли кон сензационална победа со која одат на мегдан на Магдебург во полуфиналето на Супер глоуб. 
Во комплетно израмнет натпревар, особено во финишот кога се играше гол за гол, Месили постигна три од последните четири гола за Ал Ахли. Петар Ѓорѓиќ (9) беше предводник на листата на стрелци за Бенфика, а решавачкиот шут за реми при 28-29 беше одработен за Јонас Калман, но тој не успеа да погоди. 

Ал Ахли ќе вкрсти со Магдебург, а Барса и Келце ќе се сретнат во другото полуфинале. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk