Николов и Начевски на Нант и Кил, три наши двојки во ЛШ

Најдобрата македонска судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов се номинирани да ја делат правдата на натпреварот од Лигата на шампионите меѓу францускиот претставник Нант и германскиот вице-шампион Кил.



Нант и Кил водат интересна битка со екипите на Барса, Алборг и Келце за што подобар пласман во групната фаза од ЛШ. Позиција што кога ќе дојдат елиминациите би требало да им понудат на хартија полесен противник во битката за билет за Келн. 
Во моментов Нант има три победи и пораз, колку што имаат Алборг и Келце, а Кил има две побед и два пораза. Прва во групата со четири од четири е Барса. 



Вкупно три судиски двојки од Македонија ќе судат во Лигата на шампионите во претстојното коло. 
Силвана Карбеска и Марија Илиева ќе судат во Турција. Таму Кастамону прекина сертија од 18 порази по ред во ЛШ со победата над Локомотива и сега има крилја пред дуелот со незгодниот дански тим Есбјерг, учесник на ланскиот Фајнал Фор. 



Исмаил Металари и Ненад Николовски, пак ќе му судат на Одензе, десткуваниот дански состав кој го пречекува германскиот Битигхајм. Данките за кратко време загубија две ракометарки и тоа на подолг период. Прво репрезентативката Миа Реј ги оштети лигаментите до фаза да мора да оди на операција и да ја пропушти речиси целата сезона, а минатата недела и унгарската ракометарка Ноеми Хафра заработи иста повреда и ја чекаат месеци рехабилитација. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk