Фаул тежок 11 натпревари!

Кристофер Бранбергер (32) e релативно непознат играч, иако во својата кариера има настапувано во неколку познати клубови како Хаслум, Кадетен и Савехоф. Во Шведска е добро познат, особено меѓу членовите на Дисциплинската комисија. 



Бранбергер е познат како дефанзивен играч и тоа од класата на играчи што не внимаваат многу кога стартуваат над противниците. 
Во 2020 беше суспендиран поради тоа што удри противнички ракометар во пределот на стомакот, а денеска доби нова суспензија и тоа од цели 11 натпревари што во Шведска е практично пола сезона од регуларниот дел. 

На дуелот со Малме, на почетокот на мечот во петтата минута, при комотно водство на неговиот тим од 4-1, без дуел, односно без активен напад, Бранбергер начека противник кој претрчуваше пред него и со удар за кој тренерите на боречки вештини би рекле мајсторски го погоди директно во грлото.
Веднаш заработи црвен картон, а Дисциплинската комисија на која сигурно и е преку глава од Бранбергер и слични на него му изрече казна од 11 натпревари. Тука му се препишани и старите гревови.

Играчот најави жалба: „Ако докажеа или имаше индикации дека намерно сум го удрил, ќе ја прифатев казната. Вака, мислам дека е ова предолга казна“. 

Ако сакате да го погледнете видеото од фаулот на Бранбергер, кликнете - тука.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk