Данската супер ѕвезда неизвесна за СП!

Данската супер ѕвезда, Матијас Гидсел е неизвесен за настап на Светското првенство во Шведска и Полска во јануари.



На резултатски небитниот натпревар од Европскиот Куп, меѓу Шведска и Данска, се повреди Матијас Гидсел. Повредата е на раката, а тој ќе мора според првичните извештаи од неговиот клуб Берлин да паузира десет недели, односно два и пол месеца. 

Светското првенство во Шведска и Полска почнува за нешто повеќе од два и пол месеца. На Матијас Гидсел му претстои трка со времето. Засега шансите се на  неговата страна, но временската рамка е таква што мора да биде ставен во категоријата неизвесен. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk