Чаир ќе го одмаздува Куманово, Ѓ. Петров оди во Австрија

Слична судбина како во машката Европска лига имаат и македонските женски екипи во ЕХФ Европскиот Куп. 
Кај мажите, Е. Пелистер 2 и Бутел Скопје играа против ист противник - Алпла Хард, а во женска конкуренција, Куманово и сега Чаир ќе играат против ист противник - Макаби Рамат Ган.



Чаир ја дели судбината на Куманово во поглед на противникот, се надеваме дека нема да ја дели и во поглед на резултатот од двата натпревари. 
Макаби се покажа како преголем залак за кумановки, но имајќи предвид дека на првиот меч секунди ги делеа од победа, можеби Чаир не е без шанси.

Екипата на Ѓоче Петров ќе игра на против австрискиот тим со најкомплицирано име во Европскиот Куп (roomz JAGS WV) или скратено Јагс, веројатно од Јагуари. 
Имено непознато, но клубот има богата историја. Неговото претходно име е МекДоналдс Виенер Нојштат и во ерата на моќниот Хипо и семоќниот Гунар Прокоп пет пати по ред беа вице-прваци на Австрија. 
Сега се далеку од тоа ниво, па во квалификациите едвај со еден гол во вкупната гол разлика успеаја да го елиминираат тимот на Азерол од Азербејџан (31-25 и 24-29) иако двата меча се играа во Австрија. 

Според ждрепката, Чаир треба прво да игра дома, а Ѓ. Петров на гости. Дали повторно ќе се решат за два гостински меча, ќе видиме. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk