Денеска почнува Супер Глоуб, Магдебург го брани пехарот светски првак

Денеска почнува 16. издание на турнирот Супер Глоуб. Овој турнир често е нарекуван неофицијално светско клупско првенство, но во суштина е официјално годишно светско првенство за клубови во организација на ИХФ. Бранител на титулата е германскиот шампион Магдебург.



Годинава, трет пат на најдобрите клубови по континенти домаќин ќе биде Саудиска Арабија, односно градот Дамам. 
Ќе учествуваат 12 екипи што се поделени во четири групи со по три тима. Откако ќе одиграа меѓусебе, третопласираните ќе разигруваат за пласман од 9-12 место. 
Второпласираните во групите ќе разигруваат за пласман од 5-8 место.
Првопласираните во групите ќе играат во полуфинале по принципот А1-Б1, односно Ц1-Д1. 

Групите се следниве:
Група „А“ - Магдебург, Сиднеј, Ал Калеј
Група „Б“ - Ал Ахли, Мадар, Бенфика
Група „Ц“ - Таубате, Ал Кувајт, Келце
Група „Д“ - Барса, Есперанца, Министрос 

Зоран Кастратовиќ и Давид Дејвис, двајца многу добро познати тренери во Македонија ќе водат екипи на овој турнир. Зоран Кастратовиќ го води Ал Мадар од С. Арабија кој има улога и на домаќин, а Дејвис ќе биде на чело на египетскиот тим Ал Ахли. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk