Нант најде нова алтернатива за Лазаров

Францускиот Нант долго време се подготвуваше да ја зајакне десната бековска линија знаејќи дека Кирил Лазаров и Едуардо Гурбиндо заминуваат од клубот. Идејата Милан Милиќ да биде алтернатива не излезе според желбите и очекувањата, па ќе има ново проверено име во ростерот. 



Линус Персон и Хорхе Македа доколку останат како дуо во Нант ќе добијат поддршка од десниот бек Жулиен Бос. Го паметиме по лошо од дуелите меѓу Монпеље и Вардар. 
Бос (24) е продукт на најпознатиот центар за формација во Франција, оној на Монпеље. Ги мина сите возрасни селекции на репрезентацијата на Франција и во 2018 го потпиша првиот професионален договор. 
По пет години минати во Монпеље несметајќи ги тие од јуниорските денови, Жулиен Бос ќе замине од Монпеље и во следните три години ќе игра за екипата на Нант. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk