Савевски одбра играчи за ЕП Македонија

Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски денеска го објави списокот на ракометарки на кои ќе смета за настап на Европското првенство што почнува во ноември, а ќе се игра во Македонија, Словенија и Црна Гора. 



Љубомир Савевски состави екипа од 20 ракометарки што ќе биде дел од ЕП тимот. Неколку повреди го изменија и поинаку го дефинираа составот. Отсуството на Марија Штериова и Елена Ѓоргиевска, две поискусни ракометарки ќе имаат свое влијание на финалниот изглед во секој случај. На списокот на здравствениот билтен се и Бојана Коцева и Матеја Серафимова од играчите што сериозно конкурираа за место во тимот. 

Ако го исклучиме моментот дека има четири повредени ракометарки, не би рекле дека има изненадувања или големи отстапувања во изборот на играчи во однос на тоа што се работеше минатиов период и како изгледаше репрезентацијата досега. 




Селектор: Љубомир Савевски

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk