Турција: Најважен меч во историјата!

Ракометната федерација на Турција организираше прес конференција во пресрет на денешниот натпревар со Македонија што ќе се игра во градот Ван.



„Ќе играме еден од најважните натпревари во историјата. Ако успееме да победиме на овој меч, нашите шанси да се пласираме на Европско првенство ќе се искачат на 70 насто. Нашите играчи се свесни за оваа шанса, се надевам дека публиката во Ван ќе ни ја даде потребната поддршка. Со полни трибини и поддршка, ќе се бориме до последен момент за нас, за Ван, за Турција“, изјави селекторот Окан Халај на прес конференцијата. 

Претседателот на турската федерација, Угур Килич, пак изјави дека птре три месеци бил во Ван и се договориле за соработка за овој натпревар. Турција очекува овој натпревар да има рекордна посетеност. 
Салата во градот Ван собира околу 5.000 можеби нешто повеќе гледачи. Каков ќе биде амбиентот е непознаница, затоа што Турција прв пат игра официјален натпревар во овој град. 

Натпреварот почнува во 16:00 часот, ќе можете да го гледите на Арена Спорт 5 каналот или пак на ТРТ Спор. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk