ЖРК Металург елиминиран од ПАОК

МЕТАЛУРГ - ПАОК 20-31  (11-17)
Арсениевска 5, Божиновска 5, Трајковиќ 4 - Грбавчевиќ 5, Боризоска 3

Некогашниот македонски шампион, екипата на Металург не успеа да ја мине првата пречка во Европскиот куп. 
И на вториот меч, македонскиот претставник беше поразен. 





Екипата на Металург е елиминарана од грчкиот ПАОК во Европскиот Куп натпревар. По високиот пораз на гостински терен во Солун (17-26), Металург беше поразен и на реванш натпреварот. 
Ако ништо друго, Металург заслужи симната шапка барем за гестот што двата натпревари не ги играше на гостински терен, иако можеше да договори таква процедура.

На денешниот меч со ПАОК, македонскиот тим послабо отвори, беше во минус три (1-4) по десетина минути игра. Потоа за момент се врати, намали на 4-6, 6-8, по што гостите почнаа полека да се одлепуваат. 
ПАОК поведе со 12-8, па следеше најслабиот дел од полувремето за Металург, негативна серија 1-5 и водство на противникот од 17-9 што до полувреме беше редуцрана за два гола.

Во второто полувреме продолжи доминацијата на противнико, разликата се искачи и на +10. Арсениевска имаше доба реализација и нејзините пет гола без промашен шут беа значаен придонес, исто како и 4/5 на Мила Трајковиќ. Но, генерално потфрли реализацијата која беше на скромни 50-тина насто наспроти солидните 75% на противникот. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk