Преглед: Озтурк заглави во Скопје, Турција или не може или се крие пред Македонија

Ракометарот на Охрид, Халил Озтурк не стигна навреме да се приклучи на соиграчите од Турција и го пропупшти мечот со Португалија. Тој заглави на скопскиот аеродром. При излегувањето од Македонија беше воочено дека има пропусти во неговиот статус за престој во државава и додека тоа беше решавано го пропушти летот и сега ќе биде на располагање само за мечот со Македонија во недела. 



Нашиот следен противник, Турција беше целосно немоќна на гостувањето во Португалија и запиша голем пораз од 27-44. Прашањето е дали ова е реалниот дострел на Турција или пак се чуваа и криеја за нивниот најважен натпревар, дуелот со Македонија кој може да им донесе пласман на ЕП 2024. 

Секунди ја делеа Холандија без повредениот Лук Стеинс од кикс на натпреварот со Белгија. Бекот на Магдебург, Кај Смитс го реши победникот, додека несудениот играч на Металург, Арбер Ќерими не успеа да ја одведе Белгија до пласман на ЕП со евентуален бод од дуел со фаворит во групата. Мечот заврши со победа од 25-24 за Холандија. 

Матеј Клима, ракометарот што ни направи многу проблеми во априлските квалификации меѓу Македонија и Чешка е замената за поранешниот играч на Е. Пелистер и Вардар, Ловро Јотиќ, во екипата на Лајпциг. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk