Чешки играч ќе го менува Ловро Јотиќ

Поранешниот ракометар на Е. Пелистер и на Вардар, Ловро Јотиќ, немаше многу среќа во новата средина. Хрватскиот бек го замени Вардар со бундеслигашот Лајпциг, но пред помалку од еден месец се повреди.



Ловро Јотиќ мораше на операција на коленото и ќе го пропушти поголемиот дел од сезоната. Неговиот клуб Лајпциг денеска ангажираше замена. 

На местото на Хрватот доаѓа еден од играчите што ни правеше доста проблеми во дресот на чешката репрезентација во априлските бараж натпревари за СП. Тоа е Матеј Клима (23), еден од ракометарите од новиот бран на чешкиот ракомет. 

Матеј Клима одамна беше капарисан од Лајпциг, но требаше да ја доигра последната сезона од договорот со Либек - Швартау, екипа од Бундес лига 2. 
Лајпциг, место да бара нов бек, успеа да ги убеди во Либек да го ослободат осум месеци порано чешкиот бек и тој ќе настапи за новиот клуб веќе во следното коло. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk