Згасна Ајакс, 14 дански шампиони не постојат веќе

По 88 години постоење во кои дури девет пати беше шампион на Данска, клубот Ајакс Копенхаген прогласи банкрот.



Ајакс Копенхаген не звучи познато, кога е ракомет во прашање, иако се работи за клуб со традиција долга 88 години во кои девет пати биле шампиони на Данска што е трето остварување на сите времиња. 
Данска важи за ракометна земја каде што овој спорт лагодно живее и напредува, но Данска е и држава каде што владеат пазарни закони, па ако финансиското работење не е согласно законите, милост нема и за 88 годишна традиција и девет шампионски пехари. 

Ајакс не можеше да ги подмири побарувањата од играчите и се друго што треба да се плати. На ракометарите им беше отворената вратата, заминаа сите освен шестмина. Се обидоа да одиграат еден меч, но во меѓувреме уште двајца ракометари решија да не го играат ниту тој еден меч без пари, па истрчаа на терен само четворица. Мечот не се одигра, неколку дена подоцна Ајакс потпиша банкрот. 

Од 1936 година кога се одржа првото ракометно првенство во Данска, досега 21 клуб станал првак. Од тие 21, преживеани се само седум. Заклучно со Ајакс Копенхаген дури 14 клубови што биле шампиони на Данска веќе не постојат. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk