ФОТО: За добар старт, си добија баклава

Репрезентацијата на Турција е вториот противник на Македонија во првата етапа од квалификациите за ЕП 2024. На 16 октомври ќе играме со нив во Ван, град со богата историја во курдистанската област.
Во првото коло, кога ние ќе играме со Луксмебург, тие ќе играат на гостински терен со Португалија, во областа Матосињош, во близината на Порто.



Со Турција сме играле неколку натпревари досега, а следејќи ги подготовките за овие квалификации, можеме да констатираме дека логистички напредуваат, а амбициите им растат. Спонзорскиот договор што нивната репрезентација го потпиша со Туркиш Ерлајнс поттикнува мислење дека нивниот пат е нагоре. Дали во овој или следниот квалификациски циклус, ќе видиме. Во принцип, еден бод од дуелите со Македонија или Португалија веројатно би значел пласман на ЕП. 

Во духот на традицијата, пак, потпреседателот на Турската ракометна федерација, на последниот тренинг на националниот тим се појави со подарок - тепсија баклава. За да им тргне. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk