Преглед: Комплетна репрезентација, Куманово испушти победа во Израел...

Екипата на Куманово имаше нерешен резултат и посед на топка во последната минута, но не успеа да остане непоразена на првиот меч во Европскиот Куп одигран во Израел против Макаби Рамат Ган. Во малерозен расплет во последните осум секунди од средбата, прими гол и мечот го загуби минимално, со гол од пенал по истекот на времето (25-26). Денеска се игра реванш натпреварот. 



Македонската сениорска репрезентација е комплетна пред утрешниот дуел со Луксембург (Борис Трајковски, 19:00 часот). Поради дистанцата и клупските обврски последен пристигна Костадин Петров, од Исланд.

Селекторот Раде Стојановиќ ја собра кадетската репрезентација на прв собир по победата на ЕХФ Шампионатот во Летонија. Македонските кадети ќе одат во Подгорица каде што ќе играат два контролни натпревари со селекцијата на Црна Гора. 

Рускиот ракометар Александар Синцин, лево крило во Донски Козаци е осуден на три месеци затвор во Белорусија. Тој во пијана состојба го нарушувал јавниот ред и се степал во ресторан во Брест, Белорусија и му нанел лесни телесни повреди на извесна оштетена личност. 

Поврзани вести