Три месеци затвор за руски играч во Белорусија

Левото крило на руската екипа Донски Козаци заврши во белоруски затвор и таму ќе остане следните три месеци.



Поранешниот играч на Чеховски медведи, сега член на Донски козаци, Александар Синцин е осуден на затворска казна во времетраење од три месеци. 

Александар Синцин во алкохолизирана состојба, на јавно место во ресторан во Брест, Белорусија почнал недолично да се однесува. Бил замолен да престане, но тој станал насилен и физички нападнал едно лице. Од ударот оштетениот паднал на земја, а Синцин продолжил да го удира нанесувајќи му телесни повреди. 
Белоруската полиција веднаш го уапсила, судот му одреди казна од три месеци, тој ја признал вината, а руската ракометна федерација денеска објави соопштение во кое вели дека тој ќе мора да ја сноси одговорноста за своите постапки. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk