Преглед: Прозиваше Лазаров, неизвесен Манасков, во Скопје гости од С. Арабија...

Селекторот на машката сениорска репрезентација Кирил Лазаров вчера ја имаше првата прозивка во пресрет на двата квалификациски натпревари што Македонија ќе ги игра против селекциите на Луксмебург и Турција за пласман на ЕП 2024. 




Дејан Манасков беше на првиот собир на репрезентацијата, но најверојатно нема да го игра првиот меч што во среда националниот тим ќе го игра со Луксмебург. На мечот со Охрид се здоби со удар во пределот на ребрата и го пропушти следниот меч со Куманово. Останува во комбинација за натпреварот во Ван, со Турција. 

„Ќе го надоградиме системот што го играме и ќе видите нова, брза игра од новата македонска репрезентација“, изјави селекторот Кирил Лазаров. 

„Екипата е нова, но амбициите остануваат исти, Македонија заслужува да бид на ЕП“, изјави Филип Талески. 

Поранешниот селектор на Данска и екс тренер на ЖРК Вардар, Јан Питлик одново е во Скопје. Тој ја донесе во македонската престолнина репрезентацијата на Саудиска Арабија каде што е селектор. Ќе имаат 12 дневен тренинг камп во Скопје и ќе играат неколку контролни натпревари. 

Билетите за натпреварот Македонија - Луксембург се во продажба по цена од 50 и 100 денари. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk