Питлик ја донесе С. Арабија во Скопје

Едно од најпознатите тренерски имиња не само во Данска туку и воопшто во светот на ракометот е Јан Питлик. Човекот кој во својата ризница меѓудругото има две злата од Олимписки игри (2000 Сиднеј и 2004 Атина). Тој во јули, стана селектор на машката репрезентација на Саудиска Арабија. 
Питлик беше во сезоната 2015-16 на кормилото на македнскиот ЖРК Вардар, а оттогаш неколкупати го имаме видено во Македонија. Сега, повторно е во Скопје, овој пат заедно со тимот на Саудиска Арабија. 



Саудиска Арабија во Скопје ќе престојува следниов период, ќе тренира во салата „Јане Сандански“ и ќе и ќе игра контролни натпревари.

„Ќе имаме свој тренинг камп овде. Ќе бидеме во Македонија 12 дена, ќе тренираме во салата 'Јане Сандански' и ќе одиграме четири контролни натпревари“, вели данскиот стратег.

Првиот меч би требало да го играат со комбинираниот состав на Алкалоид и Мулти Есенс, најверојатно во четврток. Македонскиот тим ќе биде составен од играчи што нема да бидат во сениорскиот и кадетскиот репрезентативен состав кој пак утре ќе го има својот собир пред да замине на контролни натпревари во Подгорица. 




 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk