Преглед: Охрид славеше во езерското дерби, успешна евро-авантура на Ѓорче Петров ...

По нерешените 20-20 на првиот меч од Европскиот Куп одигран на Исланд, екипата на Ѓорче Петров славеше убедлива победа од 34-23 на реваншот и се пласираше во следната рунда. 



ЖРК Металург не успеа да изненади во Солун и запиша пораз од девет гола разлика од грчкиот ПАОК (17-26) во натпревар од Европскиот Куп. 

Езерското дерби што се играше во Струга, му припадна на гостинскиот состав на Охрид. Со пресврт и серија од четири гола по ред во второто полувреме охриѓани стигнаа до предност што ја одбранија и победија со конечни 24-22. 

Алкалоид без поголеми проблеми со убедливи 39-25 славеше на гостувањето во Неготино, кај екипата на Вардар Неготино и остана на второто место на табелата, зад Вардар. 

По победата над Струга како гостин, тренерот на Охрид, Горан Андоновски запали победничка пура и почна да слави пласман во Плеј оф. 

„Вака изгледа човекот кој во октомври обезбеди Плеј оф со ГРК Охрид. Но, јас не се вратив во Охрид да играм Плеј оф туку да победувам и да се борам за Европа, па зошто да не и за титула за разлика претходните три години“, напиша на својот ФБ профил тренерот на Охрид, Горан Андоновски. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk