Ѓ. Петров подобар од Тор, оди во следно коло

ТОР - ЃОРЧЕ ПЕТРОВ  23-34 (8-16)
Прв натпревар: 20-20. 

Македонскиот првак, екипата на Ѓорче Петров ја мина првата пречка во Европскиот Куп и се пласираше во следната рунда. 




Иако двата натпревари од Европскиот Куп ги играше на гостински терен на далечниот Исланд, екипата на Ѓорче Петров се враќа победнички со обезбеден пласман во следното коло. 

По вчерашните 20-20, скопскиот состав денеска комплетно доминираше над исландскиот состав и со убедлива победа од 34-23 го прослави пласманот во следното коло. 

Македонскиот тим го контролираше резултатот уште од почетокот на мечот. Постепено ја градеше предноста, па така по 8-6, водеше 10-7, па следеше серија од 4-0 за водство од 14-7 по што на полувреме постигна двојно повеќе голови од противникот 16-8. 

Не попушти концентрацијата на вториот натпревар, немаше кам-бак на исландскиот состав како на првата средба, па предноста на нашиот претставник стана и двоцифрена, прв пат во 35 минута (19-9), пет минути подоцна беше и плус 12 (24-12)... 

Емилијана Ризоска блескаше на овој меч и имаше скор од 10/10. Милица Николиќ постигна шест гола, шест пати прецизна беше и Колароска...

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk