Охрид со три бода од езерското дерби

СТРУГА - ОХРИД  22-24  (12-10)
Блажески 8, Костоски 5 - Шешиќ 6, Озтурк 5



Екипата на Охрид забележа многу важна победа во трката за место во Плеј оф. Вечерва како гости во Струга славеа победа над директниот ривал и сега се на четвртото место со два бода повеќе од стружани и домашен терен на своја страна кога повторно ќе се сретнат. 

Средбата во Струга беше интересна, возбудлива и во сите сегменти го оправда епитетот дерби. Домашните предводени од Бобан Блажески и Ненад Костоски диктираа ритам во првиот дел и имаа водство од 12-10 на полувреме. 
Гостите од Охрид се вратија во игра веднаш на стартот на вториот дел, израмнија на 12-12, потоа во еден момент поведоа (16-15), но клучниот период беше серија од 4-0 што успеаја да ја остварат по минусот од 18-19. Откако Охрид поведе 23-19 се играше гол за гол, но домашните и покрај сите напори не успеаја да симнат под два гола разлика, за конечно мечот да заврши со резултат 22-24. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk