Преглед: Реми на Ѓорче на Исланд, билети за дуелот со Луксембург...

Пуштени се во продажба билетите за натпреварот од квалификациите за ЕП 2024 меѓу Македонија и Луксембург. Цената на билет е 50 и 100 денари. 



Одиграни се уште три натпревари од машката Супер лига во која екипите на Т. Пролет и Скопје ги заменија домаќинствата, па се играше на теренот на Т. Пролет. Постигнати се следниве резултати: 

Бутел Скопје - Прилеп  32-25 (14-15)
Скопје 2020 - Т. Пролет  22-30 (10-15)
Е. Пелистер 2 - Радовиш  29-23 (15-14)

Македонскиот првак во женска конкуренција, Ѓорче Петров, својот прв евро меч од Европскиот Куп го играше како домаќин на Исланд против екипата на Ка/Тор. Оваа средба заврши нерешено 20-20 со тоа што нашиот тим на почетокот на второто полувреме имаше водство од пет гола разлика (12-7), а водеше и во 58 минута со два гола разлика (20-18). За жал, не успеа да го одбрани водството. Реванш натпреварот, исто така ќе се игра на Исланд, вечерва со почеток од 21:30 часот.

За три звучни имиња во Португалија, немаше место на скратениот список на репрезентацијата што ќе игра против Турција и Луксембург. Прецртани се Жилберто Дуарте, Антонио Ареја и Дајмаро Салина. Повик не добија ниту помладите Салвадор Салвадор и Диого Силва. 

По четири од четири порази во ЛШ, особено по поразот од Алборг, дома (29-41), комплетниот тим на ПИК Сегед со се управа напиша и објави писмено извинување до навивачите на клубот. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk